Темно Режим Светло Режим

Авто-индустријата во ЕУ под нов шок по најавените царини од Трамп, акциите паѓаат на големите корпорации

Неколку клучни економски сектори во ЕУ како што се автомобилската и фармацевтската индустрија се најзасегнати од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за нов бран на царини. Економијата ќе го плати цехот од притисокот врз европските сојузници поради Гренланд.

Европскиот парламент, пак, одлучи да го замрзне процесот на ратификација на трговскиот договор меѓу Европската Унија и САД. Веднаш по најавата на новите царини, акциите на „Фолксваген”, БМВ и „Мерцедес”паднаа за повеќе од 2,5%, а „Стелантис” забележа пад од околу 2,1%.

Сето ова е дополнителен шок за економијата во ЕУ по првичниот откако беа воведени разни санкции кон Русија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Со измени на законите за полиција и за внатрешни работи „се враќа“ Одделот за внатрешни работи – Скопје

Следниот Пост

Уапсен е вработен во Основниот суд Гостивар осомничен за примање мито