ЦО на СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики, се воведуваат и два организациски секретари

За само пет месеци Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги показија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања. Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови, оцени синоќа Централниот одобор на СДСМ.

Во соопштението по седницата се наведува дека секојдневно се случуваат бројни скандали и злоупотреби за кои нема одговорност од власта, се спроведува брутална партизација на институциите и целосно истиснување на професионалците.

-Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност, наведувата од најголемата опозициска партија.

Во однос на внатрепартиските постапки во рамки на СДСМ, Централиот одбор донесе одлука дека на 24 ноември ќе се одржи 30-тиот Конгрес на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата.

Согласно одлуката на Централниот одбор, на 30 тиот Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик претседател на СДСМ.

-Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата. Централниот одбор одлучи пред одржување на 30тиот Конгрес да продолжи со работа и 29-тиот Конгрес кој беше прекинат на барање на општинските организации. Заедничка е оценката дека интензивната работа во изминатиот период води до консолидација на СДСМ, забележано е подобрување на атмосферата во општинските организации и до посетепено враќање на довербата. СДСМ и во опозиција останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики на власта но и со активностите кои значат грижа за стандардот на граѓаните, преку законски решенија во Собранието, се потенцира во соопштението.

Претходна вестДоналд Трамп на чекор до враќање во Белата куќа
Следна вестБез вода општина Шуто Оризари