Таман македонските граѓани се израдуваа дека „Сејф Сити” ќе го среди хаосот по сообраќајниците, кога дојде сознанието дека системот на МВР можеби нема да почне со работа. Не, не се во прашање технички проблеми, во прашање е старата болка – политиката и честото нејзино политиканството.
Имено, измените на Законот за прекршоци, со кои, меѓу другото, треба да се дозволи електронско испраќање на записниците за сторен сообраќаен прекршок, се заглавени во собраниска процедура, а за нивно усвојување потребно е двотретинско и бадентерово мнозинство. Засега сето ова ја нема поддршката од ДУИ чии гласови се неопходни.
Затоа е и неизвесно е дали системот „Сејф сити”, ќе профункционира од 1 февруари, како што претходно беше најавено.
Во очекување на најавената лидерска средба, дилемата е дали ДУИ ќе го казни „Сејф Сити” ли ќе се раководи од пошироките интереси и ќе гласа за промени на законот.
Граѓаните сметаат дека по ова прашање не би требало да има политиканство.