Темно Режим Светло Режим

ДИК: Изборниот процес целосно подготвен за неделното гласање

Државна изборна комисија ги финализира подготовките за повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари, в недела. На денешната седница Комисијата донесе неколку клучни одлуки поврзани со безбеден транспорт и дистрибуција на доверливиот изборен материјал до општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Со цел изборниот процес да се одвива без пречки, ДИК одобри авансни средства за вработените и лицата ангажирани во транспортот, како и за припадниците на Министерство за внатрешни работи кои ќе бидат задолжени за обезбедување на гласачките ливчиња и изводите од Избирачкиот список.

Како што појасни членот на ДИК Ангелчо Ристов, средствата се наменети не само за доставување на доверливиот изборен материјал, туку и за дистрибуција на уредите за биометриска идентификација на гласачите до сите избирачки места во овие општини.

Со усвојувањето на последното Упатство за гласање, Комисијата ги заокружи и формалните правни процедури, со што, како што беше истакнато, сè е подготвено граѓаните в недела непречено да го остварат своето право на глас и да ги изберат локалните власти.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

МВР размислува за построги санкции: Пиротехниката и натаму сериозен проблем

Следниот Пост

Последни подготовки во Скопје пред заминувањето на Европското првенство