Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 9 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Со тоа вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Најмногу примени има на интерните клиники – 5 и по двајца нови пациенти се примени во ГОБ „8 Септември“, исто колку и на Инфективната клиника.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
Најмногу пациенти има на Инфективната клиника – 85, потоа во ГОБ „8 Септември“ – 76, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти и на ГАК три пациентки.