Доналд Трамп на чекор до враќање во Белата куќа

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп победи во Северна Каролина, како и во Џорџија, две од клучните држави што традиционално не се определени ниту за една партија, со што го трасираше патот до победа на претседтелските избори во САД. Неговата противкандидатка и актуелна потпретседателка Камала Харис не може да се надева на најмалку 270 електорски гласови потребни за победа, без да ја освои Пенсилванија.

Фокс њуз веќе проектираше победа на Трамп и во Пенсилванија, но кај Си-ен-ен оваа држава е се уште меѓу оние за кои не може да се каже победникот со сигурност.

Според Фокс њуз, Трамп дефинитивно се враќа во Белата куќа.

Според досегашните проекции што ги објавува Си-ен-ен, пак, Трамп има 246 електроски гласови, а кандидатката на демократите, Камала Харис има 187 електорски гласа.

Според очекувањата, Трамп и Харис освоија победи во сојузните држави што за нив важеа како сигурни.

Американците избираат претседател по 60. пат во историјата.

Претходна вестНаутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност
Следна вестЦО на СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики, се воведуваат и два организациски секретари