Темно Режим Светло Режим

Филмот „17“ во трка за награда на Берлинскиот филмски фестивал

Новиот македонски долгометражен игран филм 17, во режија на Косара Митиќ и во продукција на Томи Салковски, е селектиран во програмата „Перспективи“ на годинашниот Берлински филмски фестивал, кој годинава го одржува своето 76-то издание.

Како што информира Црна Мачка Продукција, филмот „17“ ќе биде оценуван од тричлено интернационално жири, кое ќе одлучи кој од вкупно 14-те долгометражни дебитантски филмови ќе ја освои наградата за најдобар филм во рамки на оваа програма.

Приказната го следи животот на седумнаесетгодишната Сара, која поаѓа на училишна екскурзија криејќи тајна за која никој не знае. Кога патувањето ќе излезе од контрола, а Сара ќе стане сведок на насилство врз нејзината соученичка Лина, меѓу двете девојки се создава врска што засекогаш ќе ги обележи нивните животи.

Advertisement

Филмот е во продукција на „Црна Мачка Продукција“, во копродукција со Арт&Попкорн од Србија и Децембер од Словенија. Проектот е поддржан од Агенција за филм на Северна Македонија, како и од Филмскиот центар на Србија, Словенечкиот филмски центар, SEE Cinema Network и програмата CineLink Work in Progress на 31. Сараевски филмски фестивал.

По повод селекцијата на филмот во Берлин, денеска ќе се одржи средба со медиумите, на која ќе присуствуваат режисерката Косара Митиќ, продуцентот Томи Салковски, актерките Ева Костиќ и Мартина Даниловска, членови на авторската екипа на филмот, како и директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Трамп во Давос под лупа поради Гренланд и заканите кон Европа

Следниот Пост

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила поради условите на патиштата