Темно Режим Светло Режим

Искусниот Хозе Мариа Берокал ќе ја води машката кошаркарска репрезентација

Шпанскиот кошаркарски стручњак Хозе Мариа Берокал е именуван за нов селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Со ова назначување, националниот тим добива тренер со исклучително богато меѓународно искуство и реноме во европската кошарка.

Берокал зад себе има повеќе од три и пол децении активна тренерска кариера. Од нив, над две децении ги поминал во професионалната кошарка, а значаен дел од своето искуство, вкупно 14 години, го стекнал работејќи во Евролигата, најквалитетното европско клупско натпреварување.

Во текот на кариерата, како главен и асистент тренер, има освоено 21 трофеј, меѓу кои се издвојуваат и две шампионски титули во Евролигата, што дополнително го потврдува неговиот квалитет и успешност.

Advertisement

Работел во девет различни држави и бил дел од 13 национални првенства, што го позиционира меѓу најискусните интернационални тренери на европската кошаркарска сцена.

Неговата професионална биографија вклучува ангажмани во некои од најреномираните европски клубови, меѓу кои Барселона, Панатинаикос, Басконија, Макаби Тел Авив и Баерн Минхен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Божиновска: Соларната енергија клучен столб во енергетската транзиција на Македонија

Следниот Пост

Талески официјално претставен како засилување на Татабања