Темно Режим Светло Режим

Историски предлог во Париз: Франција надвор од НАТО?

Во Франција за првпат е поднесен парламентарен предлог за повлекување на земјата од НАТО. Иницијативата ја покрена потпретседателката на Националното собрание и членка на левичарската партија „Непобедлива Франција“, Клеманс Гете.

Со резолуцијата се бара раскин со западниот воен сојуз, со образложение дека политиките на Соединетите Американски Држави ја доведуваат Европа во зависна позиција и претставуваат стратешки ризик за Франција. Според Гете, членството во НАТО може да ја вовлече земјата во конфликти кои не се во нејзин интерес.

Таа смета дека напуштањето на алијансата би ѝ овозможило на Франција да ја врати воената и дипломатската независност и да делува како неврзана сила, потпирајќи се на сопственото нуклеарно одвраќање.

Политичкиот амбиент покажува дека ваквата идеја не е без поддршка – левичарската „Непобедлива Франција“ има силно присуство во парламентот, а и десничарскиот Национален собир на Марин Ле Пен е критичен кон НАТО.

И францускиот претседател Емануел Макрон во минатото изразуваше сомнежи за иднината на алијансата, нарекувајќи го НАТО „мозочно мртов“ во 2019 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Општините во натпревар кој ќе даде повеќе помош за новороденче, но треба уште мерки, а и младите се на потег

Следниот Пост

Фиорентина се прости од својот претседател Роко Комисо