Темно Режим Светло Режим

Итна седница за судијата Ристов: Ќе се одлучува за одземање имунитет и куќен притвор

Судски совет ќе одржи итна седница на која ќе расправа и ќе одлучува по барањето на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, како и за одобрување на предлогот за определување мерка куќен притвор.

Од Кривичниот суд денеска информираа дека Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставило предлог за определување куќен притвор и дополнителни мерки за обезбедување на присуството на осомничениот судија.

Како што соопштија од судот, предлогот бил распределен кај судија на претходна постапка, кој веднаш го известил надлежниот Судски совет, од каде што се очекува официјален одговор. По добивањето на ставот од Советот, судијата ќе продолжи со понатамошното постапување по предметот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Левица: Државната лотарија служи за финансирање партиска пропаганда

Следниот Пост

Обвинителството го сослуша и бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов, осомничен е за корупција