Темно Режим Светло Режим

Кремљ: Путин е отворен за директни преговори со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски со цел разговори за војната во Украина, изјави денеска советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.

Како што наведе Ушаков во изјава за државната телевизија од Кремљ, Русија никогаш не ја исклучила можноста за ваква средба. Според него, доколку Зеленски навистина е подготвен за разговори, може да допатува во Москва, додавајќи дека Путин ваквиот став го изразил во повеќе наврати.

Ушаков истакна дека евентуалната средба ќе мора да биде внимателно подготвена и насочена кон конкретни резултати, при што Русија би ја гарантирала безбедноста на украинскиот претседател.

Advertisement

Од украинска страна, ваквата можност се оценува како тешко изводлива. Украина смета дека патување на Зеленски во Москва е невозможно поради безбедносни ризици.

Претходно, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Зеленски е подготвен за директни разговори со Путин за најчувствителните прашања, како дел од напорите за ставање крај на војната. Во интервју за порталот „Европска правда“, Сибиха посочи дека клучните теми за мировен договор сè уште не се решени.

Меѓу нив се територијалните прашања и статусот на нуклеарната централа Запорожје, која од март 2022 година е под руска окупација. Русија инсистира на територијални отстапки од Украина како услов за прекин на огнот, вклучително и повлекување на украинските сили од регионите Донецк и Луганск.

Во текот на викендот, украински и руски преговарачи одржаа директни разговори по подолга пауза, со посредство на Соединетите Американски Држави, во Обединетите Арапски Емирати. Според најавите, разговорите треба да продолжат в недела во Абу Даби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Ѓорѓиевски: Грижата за Скопското Кале е наш приоритет

Следниот Пост

Блокиран патниот правец Бела Вода - Ратево, екипи на терен