Темно Режим Светло Режим

Лулзим Алиу поднесе оставка од функцијата заменик-министер за образование

Проф. д-р Лулзим Алиу денеска официјално го заврши својот ангажман како заменик-министер во Министерството за образование и наука. Тој ја достави својата оставка до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со што го заокружи овој значаен период од својата професионална и јавна кариера.

Во својата изјава, Алиу изрази благодарност до матичната партија Алтернатива и нејзиното раководство – актуелниот претседател Беким Сали, како и претходните претседатели Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими – за укажаната доверба по вторпат да ја извршува оваа одговорна функција.

Тој исто така изрази признание и благодарност до своето семејство, пријателите и соработниците за континуираната поддршка и соработка во текот на целиот мандат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Дарко Митровиќ прв до светиот крст на традиционалните Водици во Скопје

Следниот Пост

СВР Струмица: Починат маж по несреќен случај во село Радичево