Македонската претставничка Теодора Николиќ освои трето место на Светското првенство на бармени што се одржа од 31 октомври до 3 ноември во Мадеира, Португалија. Првенството е организирано од Интернационалната асоцијација на бармени каде што Здружението на бармени на Македонија е член 17 години.
Годинава Здружението на бармени на Македонија го претставуваше Теодора Николиќ, која победи на државното првенство. Во конкуренција од 70 бармени од целиот свет, Теодора успешно ги помина квалификациите и заедно со уште 14 други бармени продолжи во полуфинале. Во полуфиналето Теодора успешно ги помина предизвиците кои ѝ беа зададени за да ги покаже своите вештини како бармен и заслужено се најде во финале.
Во финалето се пласираа тројца бармени кои што треба да направат оригинален коктел и да го претстават пред судиите кои, на крајот, на Теодора и го доделија третото место.