Темно Режим Светло Режим

Македонија поклопена од загаден воздух, потребни се итни мерки, а и одговорно однесување од секој граѓанин

Загадувањето на воздухот ја потсетува Македонија дека проблемот не е решаван со години. И оваа зима во повеќе градови низ државата има воздух кој не е здрав за дишење, пренесува Прва Скопска ТВ.

На сето тоа дополнително е и што неретко се појавува маглата која ја влошува состојбата. Па така во црвената опасна зона влегуваат и Скопје и Битола и Велес и Струмица и Кичево и други населени места.

Засега итни мерки се активираат само за Кичево и Струмица. Се забрани горење на отворено, се засилеја инспекциски контроли и има препорака за ослободување од работа на ризични групи од населението.

Дали слично треба да се постапи и со гругите градови? И дали се потребни и други мерки? На пример бесплатен јавен превоз таму каде што го има, да се ограничи возењето тешки возила во некои зони, да се ограничи работата на градилиштата и слично.

Институционалните реакции треба да се итни. Секако треба да има одговорно однесување и од секој еден граѓанин.

Секој здив од загадениот воздух е опасен за сите нас.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Болоња по пенали го елиминира Интер и избори финале во Суперкупот

Следниот Пост

Обвинение за пратеникот од Левица за смртта на малолетникот во сообраќајката во Марино