Тетовец нападнал сограѓанин на улица, тој извадил и нож но не го повредил нападнатиот. Пријавениот е задржан во полиција.
– Синоќа, околу 23.10 часот, на улицата Благоја Тоска во Тетово, полицијата го приведе 40-годишниот тетовец В. М., кој претходно бил пријавен од 26-годишниот тетовец Б. В. дека во близина на угостителски објект на оваа улица физички го нападнал. Tој употребил и остар предмет, но не го повредил, велат од МВР.
В. М. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот по што ќе следува поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: