Вицепремиерот Изет Меџити вчера најави акционен план за намалување на загадувањето на воздухот
– Имаме акционен план за намалување на загадувањето на воздухот. Еден од проектите е гасификација на урбаните центри, иако неколку пати не успеал, треба да се изврши повторен обид бидејќи има заинтересирани компании кои би го спровеле ова преку јавно-приватно партнерство, изјави тој.
Коментирајќи ги владините инвестиции за проекти во општините, заменик-премиерот соопшти дека владата од 1 јануари ќе додели дополнителни 250 милиони евра за општински проекти.
– Бидејќи е половина година, беа одвоени 100 милиони евра, а од 1 јануари ќе се одвојат уште 250 милиони евра, повторно за комунални проекти, за витални проекти. Не можеме да зборуваме за европски фронтови, за Европската Унија и да претендираме кон Европа кога имаме проблеми со канализацијата, водоводот и со елементарните прашања на граѓаните, изјави Меџити.
Според него, граѓаните од земјава не заминуваат само поради вработувањето, туку и поради основните услови за живот, безбедноста и други причини.