Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница повтори дека нема да има уставни измени ако не бидат исполнети најмалку два услова. Тој инсистира на загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет за македонскиот народ и држава дека промената на Уставот ќе биде последната отстапка и дека веќе нема да има нови билатерални вета, омаловажувања, понижувања и опструкции.
Премиерот истакна дека е подготвен да оди до крај и за ова побара поддршка од сите политички субјекти повикувајќи ги
Пратениците и партиите да донесат заедничка резолуција со единствен, државнички став.
Мицкоски потенцира дека некогаш мора да се покаже карактер.
– Во спротивно, ќе бидете мифка, а мифките лошо завршуваат порано или подоцна, истакна премиерот.