МНР го осуди иранскиот напад врз Израел и апелира да не се патува

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудуви синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили.

-Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја, соопшти МНР.

Имајќи ја предвид влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, се додава во соопштението, МНР апелира до македонските граѓани да ги одложат патувањата кон Израел, Иран и Либан, додека државјаните кои се наоѓаат на територијата на овие држави да ги следат упатствата на локалните власти и движењето да го сведат на минимум.

-Потсетуваме на СОС дежурните телефони на Министерството +389 75 273 732 и +389 75 268 736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, која е целосно екипирана и ставена на располагање за нашите граѓани. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел, Иран и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување, се вели во соопштението на МНР.

Претходна вестГолем пожар во повеќекатница во Чаир, има повредени, почна во подрумските простории
Следна вестДо 15 октомври продолжување на правото за студентски стипендии за странски државјани од интерес за Македонија