Грипот и понатаму се шири, особено кај децата. Болницата Козле и понатаму со 200 прегледи на дневно ниво.
-70 деца се хоспитализирани со грип на Клиниката Козле. Десетина деца се на кислородна поддршка, а хоспитилизарни се плус и 15 деца кај кои е потврден вирусот од типот на А и имаат компликации-истакна директорката на Клиниката, проф. д-р Катерина Бошковска.
Појасни дека симптомите на грипот почнуваат нагло со висока температура, болки во мускулитеи зглобовите и сува кашлица и носна секреција.
Од дуга страна, на детската клиника има 20 –тина деца со грип од кои кај најголем број е изолиран инфуенца А, а има и неколку деца кои се на возраст од 23 месеци. Сите деца се во добра општа здравтвена состојба-информирааат од Детската клиника.
Од двете клиники препорачуваат избегнување на собири во затворен простор, лична хигиена и престој на чист воздух. Ако симптомите траат повеќе од четири дена и се прогресивни да се побара навреме лекарска помош.