Темно Режим Светло Режим

Ни заладувањето не ги запира пожарите, вчера горело на четиринаесет локации

Во последното деноноќие имало регистрирано 14 пожари на отворено на територијата на државата, покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места, соопшти денеска ЦУК.

Пожарите се случуваат во периодот кога заладува времето.

-Гореле запалени депонии, ниска дабова шума, мешана шума, ниска вегетација, стрништа, меѓи од ниви, трска, капини и врби. Сите пожари се изгаснати, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Advertisement

Регионалните центри за управување со кризи информирале дека на територијата на државата интервенции за гаснење пожари на отворено имале пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) на Битола, Крушево, Струмица, Радовиш, Валандово, Куманово и од Старо Нагоричане.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Захариевски повеќе не е тренер на Вардар

Следниот Пост

Почина писателката Оливера Николова, го напиша култното дело „Зоки Поки“