Темно Режим Светло Режим

Ниски утрински температури, врнежи кон средината на неделата

Утрото ќе биде малку до умерено облачно и студено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се движат од -8 до 0 степени, додека максималните ќе достигнат меѓу 0 и 6 степени, информира Управа за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје се очекува сончево време со умерена облачност и слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -4 степени, а дневната ќе достигне до 4 степени.

Во текот на утрешниот ден времето ќе биде стабилно и суво, со ниски утрински температури. Кон крајот на денот, како и во текот на ноќта и во среда, се очекуваат повремени врнежи, претежно од снег.

Од четврток следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините ќе има услови за појава на магла.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Судир на возови во јужна Шпанија: Десетици мртви и над 150 повредени

Следниот Пост

Истрагата против судијата Ристов продолжува, имунитетот сè уште важи - нема барање за притвор