Темно Режим Светло Режим

Нормализиран железничкиот сообраќај, МЖ Транспорт продолжува непречено да работи

Вработените во МЖ Транспорт ја добија ноемвриската плата, откако по делумниот бојкот кој стапи вчера кај дел од машинскиот и извршен персонал, денеска е прекинат и се работи на реализирање на останатите барања.

– На средба со државниот секретар во Министерството за транспорт Стефан Волкановски во врска со делумниот бојкот на поголемиот дел од машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт отворено е разговарао за проблемот и е надминат.  Исплатен е вториот дел од платата за месец ноември 2025 година  МЖ Транспорт продолжува со непречена тековна работа и останува во тесна координација со државните институции за надминување на предизвиците со кои се соочува претпријатието, информираат од Министерството за транспорт.

Во тек на бојкотот што почна вчера во 04.47 часот сообраќаа поголемиот дел од товарните возови.

Првиот дел од плататата за ноември е исплатен на 18-ти минатиот месец, а со денешната исплата се заокружува ноемвриската плата, додека продолжува координацијата за  реализација на барањата на синдикатот за  исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

МВР: Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, осомничениот избегал во Косово каде е лишен од слобода

Следниот Пост

Руските спортисти без знаме и обележја на претстојните Зимски олимписки игри