Темно Режим Светло Режим

Новиот систем за регистрација во ЕУ се претвори во казна за македонските граѓани

Воведувањето на новиот систем за регистрација за влез во Европската Унија полека се претвора во еден вид на казна за македонските граѓани. Секој ден сме сведоци на долги редици, уште подолги чекања на граници, многу испуштени летови и задоцнети патувања, пишува Прва Скопска ТВ.

А, Брисел цело време не уверуваше дека знаат што прават и дека тоа е за доброто и на ЕУ и за нашата безбедност. Најтешка е состојбата на излезите кон Бугарија и Грција, каде граѓаните со часови чекаат за „европско” сликање и земање отпечатоци од прсти.

„Бев викендов во Банско, на излез чекав околу еден час, а пред мене имаше само две возила. Ме сликаа, дадов отпечатоци и заминав. На враќање пак исто, неколку автомобили на преминот и пак чекање од еден час. Пак сликање, оти системот не им работел добро, па не го евидентирал претходното”, ни изјави револтиран скопјанец.

ЕУ тврдеше дека регистрацијата ќе биде само формалност, но првиот месец од примената покажува дека македонските патници, но и оние од другите не-ЕУ држави се третираат како Европејци од втор ред.

Наместо олеснување на движењето, ЕУ наметна нова бариера и дополнително понижување за граѓаните кои и онака со години чекаат пред европската врата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Коњановски: Со апликацијата граѓаните ќе знаат каде интервенира зимската служба

Следниот Пост

Позитивен исход од лидерската средба: Партиите постигнаа договор за Законот за прекршоци, „Сејф сити“ стартува од 1 февруари