Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи во источните делови од земјава. Во пониските места ќе има дожд, додека на повисоките подрачја и на планините се очекува слаб снег. Во текот на попладневните часови облачноста постепено ќе се намалува, а ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат од 3 до 8 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 5 и 11 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со повремен дожд. Попладне се очекува намалување на облачноста, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во среда кон крајот на денот и во четврток повторно се најавуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Од петок ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, при што дневните температури ќе бидат во постепено опаѓање.