Темно Режим Светло Режим

Обвинителството го сослуша и бара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов, осомничен е за корупција

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов, осомничен за корупција, откако во куќата на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра соѕидани во ѕид.

Од Обвинителството соопштија дека осомничениот бил сослушан и му биле изнесени доказите врз кои се темели основаното сомневање.

Јавниот обвинител доставил предлог на осомничениот да му биде определена мерка – куќен притвор. Како дополнителна мерка, предложено е и привремено одземање на патната исправа. Освен овие мерки се предлага и забрана за издавање нови документи за напуштање на државата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Итна седница за судијата Ристов: Ќе се одлучува за одземање имунитет и куќен притвор

Следниот Пост

РКЕ одлучи: Растат цените на бензините, дизелот и мазутот