Темно Режим Светло Режим

Од утре тестирање на камерите за „Безбеден град“, ќе има затворање улици во Скопје

Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20 до 31 јануари ќе се спроведува тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди, односно камери за сообраќаен надзор.

Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што ќе се врши тестирањето нема да бидат пропуштани сè додека трае постапката.

Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Скопје.

Од МВР апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања и да покажат разбирање, трпение и соработка, со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Македонската заедница во Австралија во молитва и заедништво за Водици

Следниот Пост

Дарко Митровиќ прв до светиот крст на традиционалните Водици во Скопје