Темно Режим Светло Режим

Опасна зимска бура во САД, половина од сојузните држави прогласија вонредна состојба

Опасна зимска бура што ја зафати речиси целата територија на САД однесе најмалку седум животи, остави над 800.000 домаќинства без електрична
енергија. Откажани се над 10.000 летови.
Околу половина од американското население е погодено од невремето, а силниот снег, ниските температури и ветровите се очекува да продолжат со
денови.
Во повеќето сојузни држави е прогласена вонредна состојба.
Експерти објаснуваат дека причината за екстремното време е поларниот вртлог прстен од силни ветрови над Арктикот кој, кога ќе ослабне,
дозволува студениот воздух да се спушти кон југ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Вучиќ за делегацијата од ЕП вели дека била составена од неважни луѓе, но дека Србија останува на европскиот пат

Следниот Пост

Трагедија во Македонија: 24-годишно момче пронајдено мртво во неговиот дом