Деновиве повеќе општини низ Македонија истакнаа дека даваат финансиска поддршка за новороденчиња. Па така секое семејство во општина Гази Баба кое ќе има новородено дете ќе добие финансиска поддршка од 8.000 денари.
Во Општина Центар еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари.
Општина Могила пак инвестира во иднината и семејството давајќи 10.000 денари за првородено дете, 15.000 денари за второродено и 30.000 денари за трето дете. Исто така, Општината ги поддржува и новосклучените бракови со по 20.000 денари.
Во Аеродром младите до 35 години целосно се ослободуваат од комуналиите за изградба, доградба или надградба на својот прв дом.
И повеќе други општини имаат слични мерки. Тоа е добро. Македонија има проблем со демографијата и мора да се делува во тој правец. Во 1950 година во Македонија имало над 50.000 новороденчиња, а лани беа само околу 16.000. Населението се намалува и старее.
Затоа мерки треба да ума уште повеќе, но и младите треба добро да размислат и да почнат да создаваат семејства со дечиња. Без нив нема подобра иднина за Македонија.