Темно Режим Светло Режим

По расправијата за паркинг-место скопјанец намерно удрил со кола 40 години помладо момче

59-годишен жител на Скопје е уапсен откако, во расправија околу место за паркинг во Карпош, намерно удрил со автомобил 19-годишно момче, соопшти полицијата.

-Завчера во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје. Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг-место, со своето патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда, велат од МВР.

Увид на местото извршиле полицајци од СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот

Следниот Пост

Победнички старт на Пелистер во АБА 2