Победничко обраќање на Трамп: Ова е движење што никој досега не го видел

Направивме историја, политичка победа која нашата државата не ја видела досега, порача Доналд Трамп во своето прво обраќање по вчерашните претседателски избори во САД. Тој им се обрати на своите поддржувачи во Палм Бич на кои им вети дека „ќе ги поправи границите“, додавајќи дека тој и неговата партија испишале историја со причина.

Врз основа на тековните проекции на Си-Ен-Ен, поранешниот претседател Доналд Трамп има 266 електорски гласови, а Харис има 188 електорски гласови. Тоа значи дека Трамп треба да добие само уште четири електорски гласови за да ја освои претседателската функција.

– Ви благодарам на сите, ова е одлично. Ова е движење што никој досега не го видел. Ова е најголемото политичко движење на сите времиња. Никогаш немало вакво движење во Америка. И сега ќе достигне ново ниво на важност. Ќе ја излечиме Америка. Се ќе средиме кај нас. Поминавме пречки за кои многумина мислеа дека е невозможно да се преминат. Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за поддршката, изјави Трамп

Тој додаде дека ќе се бори за граѓаните, за нивните семејства и иднина.

-Нема да застанам додека не испорачаме силна и просперитетна Америка. Ова ќе биде златно доба за Америка. Ќе ве направиме горди и среќни. Сакам да погледнете наназад еден ден и да бидете горди што гласавте за оваа група луѓе зад мене, рече Трамп.

Претходна вестВо Италија се продаваат конзерви со локален воздух за 10 евра
Следна вестСкопјанец осомничен дека под дејство на дрога смртно прегазил жена во Марино