Темно Режим Светло Режим

Полициска акција во Скопје: Во возило пронајдени книги од Државниот архив, уапсени малолетници

На 6 јануари 2025 година, во 4:45 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Московска“ во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода Е.Д. (18), Х.Е. (19) и еден 17-годишник, сите од Скопје.

По претходно добиени оперативни сознанија, било сопрено патничко возило „опел тигра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Д. При извршениот преглед на возилото биле пронајдени и одземени книги кои се сопственост на Државен архив на РСМ.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Апсење на граница: Албански државјанин осомничен за изнуда заврши во притвор во Дебар

Следниот Пост

Македонија со 19 ракометари на Европското првенство во Данска