Темно Режим Светло Режим

Помалку се раѓаат, но повеќе стапуваат во брак

Во второто тримесечје од 2021 година се родиле 4.604 бебиња што е четири проценти помалку во споредба со истиот период лани. Бројот на починати лица, пак, во второто тримесечје од 2021 година бележи зголемување од 40,2 отсто и изнесува 7.496 лица, Од починатите, 13 биле доенчиња.

Според Државниот завод за статистика, природниот прираст е негативен и изнесува -2.892, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 140,8 отсто во споредба со истиот период од 2020 година и изнесува 2.769 бракови. Во ова тримесечје регистрирани се и 501 развод.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Пожар во подрум на зграда во Аеродром, експлодирале и две плински боци

Следниот Пост

Нема да има можност за тестирање на граничните премини