Темно Режим Светло Режим

Предлог за опстанок во пандемија: За лични документи да се аплицира и со фотографија од фото-студио

Фото студијата и видео продукциите за свадби и настани, самостојни вршители на фотографска дејност и правни лица кои вршат набавка и дистрибуција на добра се здружија во Комора и веќе поднеле барање за средби со претставници на надлежните министерства, за нивната ситуација.

Тие сметаат дека се колатерална штета од ограничувањата за работа на угостителските објекти, дека е загрозена нивната егзистенција и дека државата ги заборавила, поради што бараат да се опфатени со петтиот пакет антикризни мерки.

Освен тоа, тие имаат и свој оригинален предлог како да обезбедат егзистенција – предлагаат при аплицирање за лични документи (пасош, лична карта, возачка дозвола) да се воведе обврска за доставување и фотографија која ќе се направи исклучиво во лиценцирано фото – студио.

Останува нејасно само кој треба да ги плати тие фотографии. Граѓаните, кои исто се погодени од кризата?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Дали Заев го потсети Црвенковски да си го ажурира членството во СДСМ?

Следниот Пост

Февруари дојде, доаѓаат ли и вакцините?