Темно Режим Светло Режим

Пресврт и драма во Лондон: Јунајтед славеше против Арсенал

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија голема победа на гостувањето кај Арсенал, славејќи со 3:2 во дерби-натпреварот од 23. коло во Премиер лигата, одигран на „Емирати“.

Домашниот тим прв дојде до водство во 23. минута, кога по несреќна интервенција Мартинез си постигна автогол. Сепак, гостите од Манчестер брзо се вратија во игра и направија целосен пресврт уште пред и по паузата.

Мбуемо израмни во 37. минута, а во 52. минута Доргу донесе предност за Манчестер Јунајтед од 2:1. Арсенал не се предаде и продолжи со силен притисок, кој вроди со плод во 84. минута, кога Мерино погоди за 2:2.

Во моменти кога „топџиите“ тргнаа по победнички гол, следуваше казна на спротивната страна. Куња со ефектен погодок го шокираше „Емирати“ и му донесе ново водство и конечна победа од 3:2 на Манчестер Јунајтед.

И покрај поразот, Арсенал останува лидер на табелата, но неговата предност сега е намалена на четири бода во однос на Манчестер Сити и Астон Вила. Манчестер Јунајтед се искачи на четвртото место со 38 бодови, еден повеќе од Челзи и два повеќе од Ливерпул.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Моќен Исланд за прв пораз на Шведска на ЕП

Следниот Пост

Семејна драма во Кавадарци: Жена уапсена по напад со нож врз сопругот