Три лица се приведени од страна на полицијата под сомнение дека се занимавале со недозволена трговија со дрога, соопшти МВР. Се работи за еден жител на Романовце и две други лица од Куманово.
-Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опадни материи, во координација со Одделот за специјални операции, по преземени заеднички координирани мерки и активности, ги лиши од слобода А.С.(28) од село Романовце, кумановско, Д.Ц. (30) и Д.И. (29), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија со дрога. По издадена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Куманово за претрес во дом и други простории, денеска е извршен претрес во домот на А.С. во село Романовце, при што во помошна просторија се пронајдени две торби со три големи полиетиленски пакувања, во кои има околу 15 килограми наркотична дрога марихуана. На лице место биле затекнати Д.Ц. и Д.И. кои, исто така, се лишени од слобода и по издадена судска наредба, извршени се претреси и во нивните домови, соопшти МВР.