Работник од тетовско почина по несреќен случај на градилиште во Центар

На 2 ноември 2024 година, во 20:40 часот, во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:30 часот, 27-годишниот Л.Ш. од село Ѓермо, тетовско, се здобил со тешки повреди при извршување градежни работи на објект во изградба во централното подрачје на Скопје.

Поради сериозноста на повредите, Л.Ш. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна, околу 18:30 часот, починал.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а бил известен и трудов инспектор. По налог на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Истражните органи работат на расветлување на случајот.

Претходна вест85-годишен скопјанец измамен за 50. 000 денари: непознато лице му ветувало  вработување на синот
Следна вестНаутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност