Одлука за поскапување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,76 отсто, односно за еден до 1,5 денар донесе денеска Регулаторна комисија за енергетика.
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денар/литар и со тоа ќе чинат 62,50 денари/литар, односно, 64,50 денари/литар.
Цената на Еуродизел (Д-Е В) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,00 денар/литар. Со тоа Еуродизел БС (Д-Е В) ќе чини 53,00 денари/литар, Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1) 42,00 денари/литар, а Мазутот М-1 НС ќе се продава по 32,884 денари за килограм.