Темно Режим Светло Режим

Рим се справува со гужвите на Треви: Ограничен број посетители

Фонтаната Треви, една од најпознатите атракции во Рим, секојдневно привлекува голем број туристи кои ја следат старата традиција на фрлање парички за среќа и исполнување желби. Годишно, според проценки, од фонтаната се собираат повеќе од 900 илјади евра, кои потоа се донираат за хуманитарни цели.

Сепак, огромниот број посетители создава сериозни предизвици за градот. Само во првата половина од 2025 година, фонтаната ја посетиле повеќе од 5,3 милиони луѓе, што довело до долги редици, гужви и проблеми со џепчии. Италијанските медиуми шпекулираа дека туристите би можеле да почнат да плаќаат билет од две евра, но Градскиот совет на Рим засега го демантираше тоа, нагласувајќи дека се разгледува само можноста за воведување на влезница.

Во меѓувреме, градските власти воведоа мерки за регулирање на посетата, меѓу кои ограничување на бројот на туристи на максимум 400 истовремено и посебни влезови за локалното население. И покрај тоа, масовниот туризам сè уште претставува предизвик за одржување на редот и безбедноста на оваа иконична локација.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Усвоен закон: Идните полицајци повторно ќе се школуваат во средно училиште

Следниот Пост

Психолошки и физички придобивки од планираните паузи во диетата