Поранешни и активни спортисти или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа, објави денеска министерот за спорт Борко Ристовски. На својот профил на социјална мрежа Фејсбук тој информира за меморандумот за соработка потпишан помеѓу Министерството за спорт и Државната Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија.
-Овој меморандум значи взаемно разбирање меѓу двете страни и подразбира етички однос во кој спортистите – поранешни, активни или млади таленти, нема да бидат директно користени за било какво рекламирање на казина и игри на среќа. Спортистите ќе може да бидат вклучени во промовирање на спортски игралишта како и на настани поврзани со спортот и кон промоција на вистинските вредности поврзани со спортот, почитувајќи ги принципите на морал, етика и одговорност кон општествените вредности. Тоа беше најважниот сегмент што сакавме да го постигнеме со оваа иницијатива покрената од Министерството за спорт за која наидовме на разбирање од Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија и ова е еден убав почеток на идна соработка, потенцира Ристовски.
Тој додаде дека е важно сите ние да вложиме во здрава спортска средина која ги поддржува младите и се стреми кон позитивни примери и вредности во општеството