Ристовски за ракометниот скандал: На двата клуба ќе им биде одземена лиценцата

Бурни реакции во македонската јавност предизвикаа скандалозните пет минути од натпреварот помеѓу женските ракометни екипи на Скопје и на Гевгелија во рамките на Купот на Македонија во кој двете екипи промашуваа и намерно си постигнуваа автоголови.

Ристовски беше гостил во „Сител“ и во таа прилика потврди дека на двата клуба ќе им се одземе лиценцата.

-Ги погледнав снимките и веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат. Ваков тим на немили настани и грубо кршење на спортските правила, треба еднаш да ги ставиме под контрола, изјави Ристовски.

Неверојатна сцена беше забележана во вчерашниот натпревар од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција помеѓу Скопје и Гевгелија (16:17).

Скандалозни беа последните пет минути од овој натпревар кога ракометарките покажаа како не треба да се однесуваат спортистите на теренот.

Имено, двете екипо намерно промашуваа и си постигнуваа автоголови со цел да не победат. Судиите сигурно збунети од ситуцијата го прекинаа натпреварот, но консултација со делегатот дозволија средбата да се заврши.

Претходна вестТурски државјанин со скопско возило шверцувал мигранти
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Владата има цел Македонија да ја направи важна раскрсница во Европа – енергетска, железничка и транспортна