Темно Режим Светло Режим

СДСМ секој ден преку соопштенија му се обраќа на Мицкоски, ама не оди на лидерска да му го каже истото во очи

Уште од рано претпладнево почнаа да стигнуваат соопштенија од СДСМ во кои како и деновите претходно укажуваат на лошо работење на власта. Прво за укажување за денес на социјалдемократите им е дека премиерот Мицкоски со своите постапки и блиски врски со Вучиќ и СНС ја води Македонија кон изолација.

Оваа тема од СДСМ ја повторуваат подолг поериод најверојатно за да сигурно ги слушне и Мицкоски. Но, останува нејасно зошто и оваа тема не ја отворат пред очите на премиерот на веќе закажаната за утре лидерска средба?

Живиот збор има поголема тежина. Само СДСМ треба да реши да отиде на средбата и таму во лице да му каже се на Мицкоски. Зошто ли не го прават тоа или пак ќе ја променат одлуката и ќе одат на средбата?

И што е уште поважно, на лидерската средба социјалдемократите треба да дадат учество во градувањето соработка која е крајно нужна на Македонија по повеЌе важни прашања. Комуникација преку соопштенија и
контрасооштенија најчесто е контрапродуктивно – за Македонија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници

Следниот Пост

Левица: Пратеници за една година потрошија 14,3 милиони денари за патни трошоци