СДСМ со нови кандидати за Куманово, Центар, Битола, Шуто Оризари – во Ѓорче пак со Наумовски

СДСМ попладнево објави уште 17 кандидати за градоначалници од СДСМ на претстојните локални избори.

Во Куманово кандидат за градоначалник е Оливер Илиевски, во Општина Центар со Горан Герасимовски, во Ѓорче Петров можност за втор мандат ќе добие Александар Наумовски, во Битола е Христо Кондовски, Соња Стаменкова е кандидатка во Македонска Каменица, а во Шуто Оризари кандидат на СДСМ е Асан Ферат.

Нов кандидат за градоначалник во Кривогаштани е Николче Мисовски, а за Струга е Димче Шипинкаровски.

Кандидатот за градоначалник на Кочани ќе биде соопштен утре.

 

Претходна вестДо 30-ти август 9.890 лица се провериле во избирачкиот список
Следна вестСе воведуваат ковид-мерки и за излез од Македонија