Поради технички проблеми на терминалот од косовска страна, сообраќај на магистрален пат Скопје –ГП Блаце (БП Дизел) се пренасочува, соопштија од АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.