Темно Режим Светло Режим

Со автомобил удрил во бетонски ѕид, повредени две лица

Вчера во 21,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 74-годишниот П.Ј. од село Идризово, скопско, удрило во бетонски ѕид од објект на правно лице.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 73-годишната Д.Ј. од село Идризово, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Advertisement
Претходниот Пост

СДСМ поднесува закон за намалување на цени

Следниот Пост

Од полноќ поевтинуваат сите горива