Темно Режим Светло Режим

Сончево време, минималната температура ќе се спушти под нулата

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, со можна појава на магла по одделни котлини во утринските часови.

Како што информираат од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, додека минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје утрово постудено со услови за појава на слаба магла. Во текот на денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Граѓаните да не наседнуваат на измамата со лажна Дневна Паркинг Карта, предупредува ПОЦ

Следниот Пост

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено