Македонската надеж за данско чудо не се оствари. Репрезентацијата на Данска не успеа да ја совлада Португалија, туку беше поразена, па двете селекции обезбедија пласман во главната фаза на Европското првенство.
Конечните 29:31 значат победа за португалскиот национален тим, кој во главната фаза ќе пренесе два бода и ќе има подобра позиција пред продолжението на турнирот во Хернинг.
Во составот на Данска, најефикасен беше Гидсел со осум постигнати погодоци, додека кај Португалија се истакнаа браќата Кошта – Кико и Мартим, кои постигнаа по девет гола.
Со овој исход, од Б-групата натпреварувањето го продолжуваат Португалија, која пренесува два бода, и Данска, која во главната фаза влегува без бодови.
Македонија го заврши настапот на третата позиција со три освоени бода, додека Романија остана последна, без бодови.