Денеска претпладне во скопското село Долно Коњари, малолетник со возило удрил во паркиран автомобил и во пешак. Пешакот, И.Ф., со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите се борат за неговиот живот.
Според МВР, сообраќајната незгода се случила околу 11:30 часот, кога возилото со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано возило и во пешакот. За настанот е известен дежурен јавен обвинител за малолетници, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
МВР посочува дека пешакот се наоѓа во животно загрозувачка состојба по несреќата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: