Темно Режим Светло Режим

Тетовци со позитивен сигнал пред вториот дел од сезоната

До продолжението на вториот дел од фудбалската сезона во Прва македонска фудбалска лига останува уште речиси еден месец, но клубовите веќе интензивно работат на темпирање на формата преку подготвителни тренинзи и контролни натпревари. Во тој контекст, актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, го одигра првиот пријателски натпревар во зимскиот подготвителен период и остави исклучително позитивен впечаток.

Тетовскиот тим на комплексот „Петар Милошевски“ во Скопје славеше убедлива победа од 3:0 против Брера. Двата состави настапија со комбинирани тимови, а тренерите им дадоа можност на поголем број фудбалери, но Шкендија во текот на целиот меч имаше јасна теренска доминација и создаде значително повеќе шанси за погодок.

Резултатот беше отворен уште во 11. минута, кога Мазари прецизно реализираше за водство на шампионот. Во продолжението, главна улога презеде искусниот Бесарт Ибраими, кој со два погодоци ја потврди убедливата игра на Шкендија и ја заокружи високата победа. Младиот состав на Брера не успеа да воспостави рамнотежа и да се врати во натпреварот.

Овој контролен дуел беше последна проверка за Шкендија пред заминувањето на подготвителната база во Анталија, каде што тетовскиот тим ќе одигра неколку силни пријателски натпревари против Олександрија, Подбрезова, Сараево и Ордабаси. Преку овие дуели, стручниот штаб ќе ја крои формата за продолжението на домашното првенство, но и за настапите во УЕФА Конференциска лига.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Муцунски најавува „позитивно изненадување“ од САД

Следниот Пост

Божиновска: Одлуките за рударството мора да се темелат на наука и експертиза