Во Брисел денеска нова рунда од дијалогот Белград – Приштина со фокус на спроведување на Декларацијата за исчезнати лица. Делегацијата од Белград ќе инсистира на итно формирање на Заедницата на српски општини како и за положбата на српскиот народ на Косово.
Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Србија и Косово, Петер Соренсен, минатата недела ги посети Белград и Приштина, и рече дека мора да се најде начин двете страни да седнат и да разговараат.
Последната рунда дијалог се одржа во септември минатата година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: