Во Македонија најчесто име е Лука

Фејсбук групата „The Language Nerds“ неодамна објави мапа на Европа на која се прикажани најпопуларните имиња за момчиња во секоја земја на Стариот континент.

Најчестото машко име во Македонија е Лука, а истото е и кај Хрватите. Во Србија најпопуларно име за момчиња во моментов е Реља.

Статистиката во регионот вели дека Никола е најпопуларното машко име во Црна Гора, Филип во Словенија, Ноел во Албанија и Давуд во Босна и Херцеговина.

На ниво на цела Европа името кое моментално доминира во неколку земји е Ноа.

Претходна вестНивото на водата во Охридското Езеро 16 сантиметри под просекот за овој период од годината
Следна вестГори барака во скопската населба Бутел 1